20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставник на агенцијата „Џајка“ и директорот на „ИСАР“ во обиколка на реконструкцијата...

Претставник на агенцијата „Џајка“ и директорот на „ИСАР“ во обиколка на реконструкцијата на Филтер станицата во Штип

stipoaza

Во тек се градежните активности за реконструкција на штипската Филтер станица, која се изведува со средства од јапонската агенција „Џајка“. Кунио Кимата од Агенцијата и директорот на ЈП „Исар“-Штип Никола Мицевски беа во обиколка на Филтер станицата, која треба да ја преземе водата, која ќе ја испорачува Хидросистемот „Злетовица“ од браната Кнежево.

Мицевски вели дека во тек е поставувањето на новата опрема во внатрешниот дел на Филтер станицата, а со подобрување на временските услови ќе се поставуваат и иноксните цевки, бидејќи за нив е потребна специфична температура на заварување.

„Во тек се подготвителни активности за целосно затварање на филтерските полиња, односно за цело покривање и завршување на градежните работи и покривање на целата Филтер станица. ЈП „Исар“ презема активности за набавка на хемиските реагенси кои се потребни за третирање на површинската вода“, рече Мицевски.

Претставникот на јапонската агенција „Џајка“ потенцира дека е задоволен од обиколката и од градежните активности кои се во тек во штипската Филтер станица и очекува до крајот на март да заврши целосната реконструкција.

Тој информираше дека „Џајка“ во моментов и ги разгледува и апликациите за општините Лозово и Карбинци, кои бараат заем за изградба на филтер станици со цел да ја примаат водата од ХС „Злетовица“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП