3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнуваат разговорите со синдикатите за усогласувањата на платите

Почнуваат разговорите со синдикатите за усогласувањата на платите

denari

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски денеска ќе одржат прес-конференција околу започнувањето на дијалогот за утврдување на динамиката и стратегиите за усогласување на платите на вработените во МВР со јавната администрација.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, пак, со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, в.д претседателот на Конфедерација на слободни синдикати, Виолетка Спасевска исто така, на прес-конференција ќе информираат за зголемувањето на минималната плата.

Премиерот Никола Груевски во вчерашното обраќање пред синдикатите во државата, најави надминување на предизвикот со неусогласеноста на основната плата во Министерството за внатрешни работи со основната плата во државната амдинистрација. За таа цел, посочи дека ќе биде изработена повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во јавната администрација.

Во однос на минималната плата, премиерот Груевски информира дека Владата во наредните 10 дена ќе понуди законско решение со кое ќе се зголеми минималната плата во стопанството од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари. Зголемувањето треба да се изврши во тригодишна динамика почнувајќи од март 2014 година до март 2016 година, а со тоа се очекува директно да се зголемат примањата на околу 65.000 работници во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП