2 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕвропската валута ослабнува!

Европската валута ослабнува!

EurosAPJoergSarbach

Главната валута во Европа – еврото се повеќе ја губи својата вредност во однос на преостанатите главни валути, дали само на краток период како резултат на корекција од минатогодишниот раст или го менува генералниот тренд сеуште е рано да се каже бидејки немаше некакви поразителни економски објави во еврозоната.

Сепак најглавен фактор за движењето на валутите се задскриените политички планови на големите банки и институции кои секогаш се чекор понапред од сите други учесници на Форекс пазарот, така да според техничкото движење на еврото во моментов, може само да се претпостави дека моменталниот тренд е во надолна насока, се додека не достигне некоја позначителна поддршка на некои од психолошките нивоа кои во минатото претставувале големи отпори или поддршки.

Валутен пар EUR/USD:

aw

Цената на EUR/USD се задржува во надолниот канал, а според теоријата на Елиотовите Бранови кој ги назначуваме со букви ABCD, веројатно би ја исполнила комплетната формација до буквата D на 1,3450 или точно до фибоначиевото влијателно ниво 161,8%.

 

Валутен пар EUR/GBP:

aq

Еврото во однос на британската фунта веќе неколку месеци се наоѓа во благ надолен тренд кој се движи помеѓу горната и долната линија на каналот зацртан на графиконот, а веќе е комплетирана една целосна формација според Елиотови бранови  ABCD, но сеуште нема повисок врв над буквата C, што може да се констатира дека продолжува со креирање на последователни бранови, сега од понискиот врв E кон најниско дно F или до цена 0,8125.

 

Валутен пар EURJPY:

az

Еврото во однос на јапонскиот јен или EUR/JPY денес расте, но сеуште се одржува во надолниот канал и се додека не креира повисока цена од местото кај буквата Е останува во надолен тренд. Доколку проследиме зголемена акција на продавање и пад на цената најверојатно ќе достаса до ниво на најниско дно околу буквата F како и тука би се комплетирала формацијата. Најниска цена на поддршка е 138,95.

 

Валутен пар EUR/AUD:

ad

Еврото во однос на австралискиот долар го достигна највисокото ниво за последните 5 години на 1,5550, а тоа ниво и е една средна цена на сите времиња што претставува голем отпор и психолошка граница за креирање на долготраен ренџ. Според првиот надолен моментум од буква A -B се креира првиот бран на корекцијата, од B-C следи корективен бран на надолниот канал кој не ја надминува највисоката граница над 1,5500 и претставува таканаречен понизок врв, а доколку цената повторно паѓа следува комплетна елиотова формација до D или на цена 1,4951.

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП