25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрци во екот на кризата купувале недвижности во Лондон

Грци во екот на кризата купувале недвижности во Лондон

london-metropole-boomt_69179

Властите во Грција проверуваат т.н. „златни имоти“ на свои сонародници во Лондон, купени во екот на кризата од 2009-та до 2011-та година, пишуваат денеска грчките весници.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Велика Британија до Грција испратила список со 400 имиња на Грци кои купиле или продале недвижности во Лондон. Се претпоставува дека за време на кризата на британскиот пазар на недвижности имало трансакции во вредност поголема од 1,5 милијарди евра.

Двајца грчки обвинители задолжени за финансиски криминал, издале наредба да се проверат сите Грци кои се здобиле со куќи или други недвижности во Лондон во последните години.

Медиумите коментираат дека она што најмногу паѓа во очи е фактот што во екот на кризата, најмногу во периодот 2009-2010 година, интересот на Грците за купувања на имот во Лондон бил толку голем што брокерите ги нарекувале „кеш Грикс“, односно „Грци со готовина“.

Само во 2010-та година по изборите, Грците инвестирале околу 295 милиони евра на лондонскиот пазар на недвижности. Во 2011-та година купувањата достигнале 250 милиони евра, а во 2012-та година се проценува дека надминале 300 милиони евра, кои можеби се повеќе, затоа што има многу Грци кои претпочитаат компании на „егзотични“ за да склучат вакви договори.

Грците во Лондон купувале студентски станови за 300 до 500 илјади фунти, но имало и милионери кои избрале поскапи имоти.

Се смета дека инвестицискиот „бран“ во Лондон го достигнал својот врв во 2012-та година, кога е регистриран раст од 50 отсто на трансакциите извршени од Грци на пазарот на недвижности. Брокерите рекле дека се купуваат претежно куќи со цел тие да носат некаков постојан приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП