2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБританскиот одговор на лондонското такси на Nissan (видео)

Британскиот одговор на лондонското такси на Nissan (видео)

metrocab

Отакао „Nissan“ прикажа возило кое ќе им го понуди на лондонските такси здруженија, британските компании „Frazer-Nash“ и „Ecotive“ излегоа во јавноста со своја верзија на лондонско такси кое претставува комбинација на традиционален дизајн и современа технологија.

Возилото кое ја има ознаката „Metrocab“, двете компании го развиваат од средината на минатата деценија, а за време на тестирањата со различни прототипи на овој автомобил поминале повеќе од милион километри.

metrocab1

„Metrocab“ е предвиден за превоз на 6+1 патници. Автомобилот визуелно многу потсетува на препознатливото лондонско такси, но се разликува од него во погонот, поради тоа што користи електрична енергија.

Двата електрични мотори од по 50 kW сместени се позади, а секој придвижува по еден од задните тркала. Агрегатите се напојуваат со електрична енергија преку литиум-јонските батерии од 12,2 kWh.

Со цел да му се овозможи на возилото поголем радиус на движење, конструкторите предвиделе и дополнителен бензински мотор со зафатнина од еден литар.

metrocab2

Овој мотор директно нема да го придвижува автомобилот, туку ќе служи за дополнување на батериите по пат на генератор. Со негова помош „Metrocab“ е во состојба да помине и до 560 km, пред батеријата и резервоарот во целост да се испразнат.

Производителот тврди дека во комбиниран начин на возење, возилото ќе троши околу 3,8 l/100 km, што е за три пати помалку во однос на актуелното лондонско такси.

Покрај тоа, автомобилот во атмосферата ќе исфрла само 50 g јаглерод-диоксид на километар или 75 проценти помалку во однос на сегашните таски возила.

metrocab3

Поради дополнителната тежина на батеријата, „Metrocab“ има маса од 1.750 kg, a брзината на автомобилот електронски е ограничена на околу 130 km/h. Неговите дизајнери велат дека возилото во целост ги исполнува стандардите кои ги поставија лондонските власти.

Погледнете ја кратката презентација на ова возило:

„Frazer-Nash“ има во план „Metrocab“ да им го понуди на такси-компаниите во Лондон, но и во другите поголеми британски градови, како и на потенцијалните купувачи од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП