2 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАвстралискиот долар повторно тоне!

Австралискиот долар повторно тоне!

aaustralian

Австралискиот долар повторно пропаѓа и достигна рекордно ниска цена од 0.8800 во однос на американскиот долар за последните 3 години.

Австралиската централна банка по се изгледа одлучно го спроведува претходно најавениот план за намалување на сопствената валута и доведување до една реално средна вредност, од минатото, така што ја намалија каматната стапка во повеќе наврати но и без нивните мерки секако австралиската валута беше пре-ценета која почна и да го кочи развојот на економијата при извозот, производството и сето тоа влечи и други неповолности.

Оваа недела следеше уште една неповолна економска објава за австралија при секторот за вработеност со рекордно негативен индекс од -22,6К а предвидувањата на аналитичарите беа дури 10К. Притоа следуваше и новиот бран на пропаѓање на австралискиот долар во однос на сите валути, претежно во однос на американскиот долар.

Валутниот пар AUD/USD рекордно падна на 0,8800, што технички и претставува еден нов пробив на големата поддршка од 0,9000 или 0,8900, кои нивоа беа непробиени во повеќе наврати во претходната година. Значи ли тоа дека сега AUD/USD добива нов оштар надолен тренд и дека стреми кон средната вредност на сите изминати години, ќе дознаеме во оваа година. Доколку тоа се остварува средна вредност на AUD/USD е околу 0,8000.

audusdwe

На техничката анализа на временски период од 4 часа, може да забележете дека во претходните денови цената се корегираше и скокна над постоечките отпори, но потоа повторно се врати во стариот надолен канал, што во финансискиот пазар го нарекуваме Лажен Пробив (Fales Break Out), а со повратокот на цената испод поддршката на 0,8900 се конфирмира оштриот надолен тренд и може да се каже дека претставува Валиден пробив (True Break Out) со зголемена веројатност дека ќе продолжи да тоне.

Прва поголема поддршка на долг период е психолошката граница од 0,8500 која може да биде достигната и овој месец со оглед на брзината со која паѓа цената.

Графички приказ на 4 часовен период или H4:

audu

Доколку ова предвидување се оствари во потполност Адмирал Маркетс ви ги нуди услугите за директно продавање на Форекс берзата он-лајн, преку реалните сметки и современите софтвери за тргување. Доколку се продаде австралиски долар во однос на американски долар или AUD/USD од моменталната цена 0,8800 и цената да падне до 0,8000 со големина од 10/1 лот со разликата од 800 пипа профитите ќе изнесуваат до 80 000 / 8000 долари. За помалите трговци со продажни налози од 0,1/0,01 профитите би изнесувале до 800 / 80 долари.

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП