1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорд му порача на Лондон да не размислува за напуштање на ЕУ

Форд му порача на Лондон да не размислува за напуштање на ЕУ

ford1

Автомобилската автоиндустрија Форд, една од водечките странски инвеститори во Велика Британија, и порача на британската Владата „да не размислува за напуштање на ЕУ“ затоа што, евентуалното такво решение, може да предизвика преиспитување на политиката на компанијата за тоа дали да остане и понатаму во земјата.

Извршниот директор на Форд за Европа, Блискиот Исток и Африка, Стив Одел во разговор за проториевскиот „Дејли Телеграф“ вели дека напуштањето на ЕУ би било голема грешка и пред се би им наштетило на британските интереси.

Според Одел, тоа би било како „да си го исечете носот, за да ги израмните брчките на лицето“ и во секој случај би значело дека Велика Британија сакајќи да им наштети на другите, најмногу ќе си наштети себе си, ако реши да се откаже од членството во ЕУ.

„Напуштањето на Унијата ќе предизвика турбуленции во британската економија, посебно во секторот на вработување и во вкупниот бизнис“, оценува извршниот директор на „Форд“ забележувајќи дека е целосно бесмислено да му се сврти грбот на најголемиот трговски партнер, каков што за Британците е ЕУ.

Одел се согласува дека има бројни „црвени линии“ што ги наметнуваат Европската комисија и Брисел кон земјите-членки на ЕУ, но Велика Британија мора да остане и да ги почитува правилата и одлуките што се носат заеднички.

Одел, кој е Британец по потекло, смета дека земјата не може и не смее да отиде толку далеку и да ја напушти ЕУ, без разлика на нејзината фрустрација од однесувањето на Брисел и на некои решенија што им пречат на Британците.

Ова е трета голема автомобилска компанија, по јапонските Нисан и Хонда, која и порачува на Владата во Лондон да не се одлучува на напуштање на ЕУ, но предупредувањето од американскиот гигант, кој за оваа година најавува забрзан раст на европскиот континент, има најголема тежина.

Американците имаат свои фабрики во Велика Британја уште од дваесетите години на 20-тиот век, а сега во погоните на Форд работат преку 15.000 британски работници, па повлекувањето на компанијата би имало мошне тешки последици за земјата.

Одел вели дека Британците во овој момент веројатно во поголем процент се согласуваат со напуштањето на ЕУ, но тоа е така само затоа што во јавноста повеќе се зборува за проблемите и несогласувањата на Лондон со Брисел, отколку за бенифициите и за британската полза од нејзниното членство во Унијата.

„Форд не и се заканува на британската Влада, но секако ќе има последици за Велика Британија, ако таа реши да замине од ЕУ“, рече извршниот директор на компанијата Стив

Одел за лондонски „Дејли Телеграф“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП