26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКршоу собори два рекорди со договорот од 215 милиони долари

Кршоу собори два рекорди со договорот од 215 милиони долари

krsou

Клејтон Кршоу се согласил на 7-годишен договор со Лос Анџелес Доџерс за сума од 215 милиони долари, со кој ќе постави два рекорди во Американската Бејзбол Лига ( MLB ).

Тоа го соопштија американските медиуми, според кои договорот ќе биде објавен официјално за неколку дена.

Договорот е најскапиот потпишаа досега од „питчер“, а неговата просечна годишна плата изнесува 30,6 милиони долари, што најверојатно ќе биде највисоката меѓу сите играчи во историјата.

Актуелниот максимален договор на „питчер“ е оној на Џастин Верландер за 180 милиони долари за 7 сезони, склучен со Детроит Тајгерс во 2013-та година Апсолутниот рекорд пак е 10 -годишниот договор на Алекс Родригез со Њујорк Јенкис за 275 милиони долари, што го содржи и најголемиот вкупен износ и најголемата засега просечна годишна плата. Според вкупната вредност на договорот на 25-годишниот Кршоу ќе се најде на 6-тото место во историјата.

Покрај рекордниот договор од 2007-та година А-Род го поседува и вториот најскап договор за 252 милиони долари со Тексас Ренџерс од 2001-ва година, а во Топ 5 се уште Алберт Пухолс ( Лос Анџелес Енџелс) и Робинсон Кано (Сиетл Маринирс) со 240 милиони долари и Џои Вото (Синсинати Редс) со 225 милиони долари.

Интересно е дека според изворите во САД во трансакцијата на Кршоу е заложена клаузула дека тој може да се откаже од договорот по сезоната 2018-та и по примерот на Алекс Родригез пред 6 години, да бара нов мултимилионски договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП