2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Sport Sedan - концепт кој ќе стане сериски модел (фото)

Nissan Sport Sedan – концепт кој ќе стане сериски модел (фото)

nissan kocept sedan5

На саемот во Детроит и оваа година беа претставени голем број на концептни возила. За разлика од многуте од нив кои ќе останат само дизајнерски студии или ќе послужат како основа за едноставен сериски модел, од „Nissan“ тврдат дека нивниот „Sports Sedan“ ќе влезе во производство и тоа многу малку променет.

Концептот на „Nissan“ е дизајниран во склад со новиот корпоративен изглед на моделите на овој производител.

nissan kocept sedan

Со карактеристичната „V“ маска на ладилникот, на предниот дел се издвојуваат типичните „LED“ светла во облик на бумеранг и благо свитканата хауба.

Концептот има ниска и издолжена силутета на спортски автомобил, со нагласени проширувања на лаковите над тркалата, за под нив да се сместат масивните 21-инчни алуминиумски бандажи.

nissan kocept sedan2

Посебен третман добива големиот панорамски покрив кој заедно со стаклената површина го чини возилото визуелно единствена целина.

Внатрешноста е дизајнирана така што имате впечаток дека се наоѓате во автомобил од премиум класа, со значителната употреба на кожа, со која покрај седиштата и воланот, обложени се командната табла и деловите околу вратите.

nissan kocept sedan4

На централната конзола доминира големиот футуристички екран за мултимедијалниот систем.

Под хаубата се наоѓа 3.5 литарски „V6“ мотор за кој во „Nissan“ велат дека може да испорача повеќе од 300 ks. Моторот е поврзан со спортски „Xtronic CVT“ менувач.

nissan kocept sedan3

За жал од „Nissan“ не соопштија повеќе технички детали, ниту за перформансите на „Sport Sedan“, но извршниот потпретседател на компанијата, Енди Палмер, откри дека јапонскиот производител има намера овој концепт да го претвори во сериски модел.

„Во план е производниот модел што е можно помалку да се разликува од концептот кој го прикажавме тука во Детроит“, вели Палмер.

nissan kocept sedan6

Се претпоставува дека „Sport Sedan“ ќе послужи како основа за следната генерација на моделот „Maxima“, a најголем предизвик ќе биде во сериската верзија да се пренесат деталите, како атрактивниот панорамски покрив, кој најверојатно ќе биде достапен како опција во поскапите пакети на опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП