2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia GT4 Stinger, концептот кој сите го очекуваа (фото+видео)

Kia GT4 Stinger, концептот кој сите го очекуваа (фото+видео)

kia luda masina

Спортското купе на „Kiа“, кое корејскиот производител го најави како свое „досега најагресивно концептно возило“, имаше премиера на најголемиот американски авто-саем и може да се каже дека ги оправда очекувањата.

Креиран во дизајнерскиот центар на компанијата во Калифорнија, „GT4 Stinger“ е спортски автомобил кој треба да и ги покаже на јавноста креативните капацитети на корејската компанија, но и да го претстави провокативниот дизајн за идните модели на овој производител.

Погледнете ги кадрите од возењето на овој концепт:

Во „Kiа“ велат дека при конструирањето на концептот се фокусирале на намалувањето на тежината, функционалноста на автомобилот и на задоволството при неговото возење.

„Kia GT4 Stinger“ е долг 4.310 mm, широк 1.890 mm, a висок само 1.250 mm. Со заштедувањето на масата беше допринесено овој автомобил да биде тежок 1.304 kg.

kia luda masina1

На предниот дел доминира новата верзија на преознатливата маска на ладилникот на „Kiа“ и вертикално поставените „LED“ светла кои се поместени до самите краеви на браникот.

Силуетата е типична за овој вид на автомобили, додека на задниот дел се истакнува големата стаклена површина, „LED“ стоп-светлата во форма на буквата „C“, кои се вклопени во посебна црна маска од висок сјај, како и двете симетрично поставени хромирани округли издувни цевки.

kia luda masina2

За да се подобри видливоста при возењето, дизајнерите конструирале специфични предни носачи за покривот со отвори кои требаа да допринесат за намалување на мртвите агли.

Ентериерот стилски не заостанува зад дизајнот на надворешноста. Спортските седишта и волан, алуминиумски педали на ножните команди, недостатокот на класичните патосници и минималистичкиот дизајн, без размислување ви покажува во какво возило се наоѓате.

kia luda masina4

Овој концепт се придвижува со подобрена верзија на четирицилиндарски 2.0-литарски турбо бензински мотор со директно вбризгување (T-GDI) кој во оваа верзија произведува 315 ks.

Задоволството во класичното спортско возење го овозможува шестстепениот мануелен менувач кој ја пренесува моќта на моторот на задните тркала. На нив се наоѓаат гумите „Pirelli P-Zero“ со димензии 275/35R-20, додека оние предните се нешто потесни, 235/35R-20.

kia luda masina5

Бандажите од 20-инчи се изработени од лесна легура во комбинација со елементи од јаглеродни влакна, кои служат тие да бидат поцврсти, но и нивната маса да се намали.

За сопирањето одговорни се „Brembo Gran Turismo“ сопирачките со перфорирани сопирачки дискови.

kia luda masina6

„Kia“ не ги соопшти податоците за перформансите, но во компанијата се пофалија дека постигнале скоро идеална дистрибуција на масата на автомобилот во одност 52 проценти на предната, спрема 48 проценти на задната осовина.

Според луѓето од корејскиот производител, засега не постојат планови дека „GT4 Stinger“ ќе се претвори во производен модел, но тие не треба да бидат отфрлени за во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП