26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТројца кандидати, една „Златна топка“

Тројца кандидати, една „Златна топка“

zlatna topkaa

По долго лобирање и по неколку месеци исполнети со фалби и скандали, „Златната топка“ е на пат да го најде својот носител. Ова ќе се случи вечерва на специјално организираната церемонија, која традиционално се одржува во Цирих. Настанот ќе започне во 18.30 часот, а интригата е се уште жива, бидејќи претходно не протекоа информациите за тоа кој е победникот.

За годинава главни претенденти за наградата се Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Третиот потенцијален добитник на престижното индивидуално фудбалско одличје е Франк Рибери од Баерн Минхен. Од тројцата, аргентинскиот адут на Барса, Меси, е апсолутен рекордер, затоа што зад себе има 4 награди. А дали ќе земе својата петта, останува да дознаеме.

Сепак организаторите малку ја поткренаа завесата и споделија дека името на најдобриот фудбалер на 2013-та година ќе биде соопштено од легендарниот Пеле.

Инаку покрај наградата за најдобар фудбалер во 2013-та година, на оваа церемонија ќе биде објавен и идеалниот состав за 2013-та година, како и наградата за најубав погодок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП