29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон ќе ги преземе сите долгови

Лондон ќе ги преземе сите долгови

The Houses of Parliament

Британската Влада денес потврди дека ќе ја преземе одговорноста за сите британски долгови доколку Шкотска во септември изгласа независност.

„Во случај на независност на Шкотска од Велика Британија, британската Влада во сите околности ќе ги почитува договорените обврски во врска со долговите на Владата на Велика Британија“, соопшти Министерството за финансии.

Независна Шкотска ќе биде одговорна за „фер и правопропорционален дел“ од британските обврски, но ниту еден дел од државниот долг нема да биде префрлен на Шкотска, се вели во соопштението.

Британското Министерство за финансии наведе дека условите за понатамошните отплати ќе бидат предмет на преговори.

Нето долгот на Велика Британија на крајот на фискалната година се очекува да изнесува 1,2 трилиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП