24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia за во Детроит го најавува концептот GT4 Stinger

Kia за во Детроит го најавува концептот GT4 Stinger

koncept kiaa

„Kia“ на саемот во Детроит кој се одржува од 13-ти до 26-ти јануари ќе го претстави концептното возило „GT4 Stinger“.

Во соопштението од компанијата „Kia“ по повод премиерата се наведува дека под хаубата ќе биде сместен 2.0-литарски тубро бензинец со директно вбризгување на гориво (T-GDI) чија максимална моќ изнесува дури 315 KS.

Моќта преку спортскиот шестстепен мануелен менувач ќе се пренесува на задните тркала на кои се монтирани пневматиците на Пирели – „P-Zero“ со димензии 275/35 R20 (напред 235/35 R20).

Специјалните алуминиумски банджи со пречник од 20-инчи се направени во комбинација со јаглеродни влакна за да имаат дополнителна цврстина и да ја намалат тежината. Тука се уше и сопирачките „Brembo Gran Tourismo“.

За концептот е избрана специјална нијанса на жолта боја, која во компанијата ја нарекуваат „ignition“, или „палење“.

Повеќе детели за овој интересен концепт ќе бидат познати во следниот период, по официјалното претставување на саемот во Детроит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП