9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбложувалниците задоволни од олеснетите процедури за данок на добивка

Обложувалниците задоволни од олеснетите процедури за данок на добивка

sportski-oblozuvalnici-danok

Обложувалниците членки на Услужната комора на Сојузот на стопански комори се задоволни од прифаќањето на барањата за олеснување на процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувачниците.

Согласно измените во Законот за персонален данок на доход, кај посебните игри на среќа се предвидува одданочување од 10 проценти на реалната добивка (односно сума на исплата минус уплата) на секој поединечен добитен тикет.

Од обложувалниците, членки на ССК, појаснуваат дека играчите на среќа нема да имаат обврска добивките во обложувалница да ги пријавуваат во своите годишни даночни пријави во УЈП, ниту пак обложувалниците ќе издаваат потврди кон играчите.

„Останува обврската на обложувалницата да ги евидентира сите граѓани кои оствариле добивка во своите уплатно-исплатни места, за истите да подготвува месечни извештаи до надлежните институции, да им задржи 10 проценти од реално остварената добивка и во нивно име да го плаќа персоналниот данок на добивка“, истакнуваат од обложувалниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП