2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвисоката месечна бруто плата во Црна Гора изнесувала 86.000 евра

Највисоката месечна бруто плата во Црна Гора изнесувала 86.000 евра

cgora

Највисоката месечна бруто плата која е исплатена минатата година во Црна Гора изнесувала 86.000 евра, велат во Даночната управа и додаваат дека првите пет бруто исплати изнесувале од 60.000 до 86.000 евра за еден месец.

Прописите забрануваат да се објави името на оној на кој е исплатена платата, но според податоците од  Даночната управа во Црна Гора најмногу се платени вработените во финансискиот и банкарскиот сектор, телекомуникации и угостителство.

Најмногу се заработува, како што објаснуваат, од остварени бонуси, кои се плаќаат на почетокот на годината.

-Бонус може да се смета како надомест на менаџерот, или друг вработен кој му го исплатува работодавецот, и обично вакви исплати се даваат на високо-профитабилни индустрии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП