12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа новото Лондонско такси?(фото)

Како ќе изгледа новото Лондонско такси?(фото)

tutututut

Нисан го претстави прототипот на новото такси-возило кое наскоро ќе се појави на улиците на британскиот главен град.

Автомобилот е врз основа на моделот NV200, а први примероци клиентите ќе добијат до крајот на 2014 година.

Ако ,,Nissan NV200 London Taxi” изгледа малку чудно е затоа што јапонскиот производител сакаше во дизајнот да го вметне класичното лондонско такси по кое овој град е препознатлив повеќе од половина век.

teksi

Затоа на стандардниот модел NV200 се вградени округли фарови, ретро маска и специфичен покрив со знакот ,,taxi”, каде за осветлување сега е употребено ЛЕД технологија.

taxi

Како краен резултат, создадено е возило кое дефинитивно нема да освои награда за најдобар дизајн.

Новото такси ќе почне да се произведува во декември 2014 година, и ќе биде опремен со 1.6 литарски бензиски мотор и автоматски менувач.

Нисан очекува автомобилот во просек да троши 7 литри гориво на 100 километри.

tuktuk

За 2015 година најавена е верзија ,,е- NV200 London Taxi” кое ќе се напојува со електричен мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП