29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарскиот архиепископ обезбедил заем од 50 милиони евра за инвестиции на островот

Кипарскиот архиепископ обезбедил заем од 50 милиони евра за инвестиции на островот

hrizosom

Поглаварот на Кипарската православна црква архиепископот Хризостом обезбедил заем во вредност од 50 милиони евра за реализација на инвестициски проекти на островот, јави АНА-МПА.

Пред еден месец кипарскиот архиепископ потпишал договор со мултинационален фонд.

Првата транша од пет милиони евра се очекува да биде доставена на 17 јануари. Остатокот од заемот ќе биде деблокиран постепено во следните пет месеци. Според кипарското државно радио, средствата од заемот ќе бидат искористени за финансирање на амбициозната програма во областа на туризмот, енергетиката и индустријата.

Архиепископот соопшти дека средствата ќе им помогнат на засегнатите од кризата Кипарци, бидејќи со нив ќе се отворат нови работни места.

Во моментов Кипарската црква е најголемиот акционер во три од големите компании на кипарската берза. Неофицијално се смета дека располага со 800 милиони евра депозит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП