28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрсте Груп вложува во македонски државни записи

Ерсте Груп вложува во македонски државни записи

Bankenlogos, ERSTE Bank Photo: Michaela Bruckberger

Ерсте Груп Банка АГ Виена купи државни хартии од вредност во износ од 10 милиони евра. Купопродажната трансакција беше склучена на секундарниот пазар помеѓу Шпаркасе банка Македонија АД Скопје и Ерсте Груп Банка АГ Виенна, односно беше извршена препродажба на хартиите од вредност што Шпаркасе ги имаше купено од државата.

Интересот за купување државни хартии од вредност издадени на домашниот пазар од страна на странските инвеститори јасно укажува на зголемената доверба и угледот кој Република Македонија го ужива во меѓународното опкружување и помеѓу странските инвеститори.

Побарувачката за домашните државни хартии од вредност од страна на странските инвеститори на пазарот на капитал е доказ за стабилноста на македонската економија, како и за позитивните економски перспективи на земјава.

Пред два месеци и реномираната кредитна агенција Фиц го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен водејќи се од економскиот раст на земјава и проекциите за раст во иднина, но и ниското ниво на јавен долг. Нискиот јавен долг и економскиот раст на земјава беше нотиран и од страна на Мисијата на ММФ и Светска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП