3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште шест месеци за елаборати за легализација

Уште шест месеци за елаборати за легализација

elaborati

Граѓаните да поднесат барања за елаборати за легализација, остануваат уште шест месеци за нивно доставување, а геодетските фирми нема да можат да стасаат да ги изработат, апелираше денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Според него, геодетските фирми до 18-ти јуни следната година треба да изработат над 200.000 елаборати за легализација. Досега се изработени само 120.000 елаборати, а вкупно се поднесени 350.000 барања за легализација.

„Се работи за огромен број граѓани кои не поднеле барање за изготвување геодетски елаборати. Апелирам тоа да го направат веднаш бидејќи веќе математички не може да се стаса да се изработат елаборатите со капацитетите што ги имаат геодетските фирми. Во Македонија има 149 геодетски фирми со 400 вработени, а зборуваме за бројка од над 200.000 елаборати што треба да се направат за шест месеци. Тоа е огромна бројка и затоа треба да се пристапи кон тоа, инаку ќе нема време“, рече Трпески.

Геодетските фирми, укажа, нема да примаат барања бидејќи нема да можат да ја исполнат својата законска обврска да ги изготват елаборатите во рокот за да можат странките да ги достават до општините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП