18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово со нова инвестиција

Млекара Здравје Радово со нова инвестиција

zdravje

Промоција на прва фарма на увозни високо млечни овци со капацитет од над 500 литри млеко по грло

Компанијата Здравје Радово минатата недела за прв пат во Република Македонија од Шпанија увезе овци од високомлечната раса АСАФ. Станува збор 279 грла кои се здравствено заштитени и превентивно третирани и чиј транспорт е безбедно извршен со специјални камиони, исполнувајќи ги високите стандарди за благосостојба на животните.

Овците, веднаш по увозот се ставени во карантин и согласно законските прописи таму ќе останат еден месец.

Увезените грла овци од  оваа раса ќе се одгледуваат шталски, за што се прави и посебен систем за автоматско измолзување.

Станува збор за прва фарма со овци од расата АСАФ во нашата држава која има капацитет од 1.000 грла и која според плановите треба да биде прва демонстративна фарма за оваа раса.

Овците според оценките на стручните лица досега добро се адаптираат на климатските услови во нашата земја бидејќи се увезени од региот (Наваро) кој има слични климатски услови со македонските, а се работи и за раса која според стручните лица има многу добри адаптивни способности за полу-екстензивно и екстензивно одгледување.

Согласно расположивиот капацитет на оваа фарма, планирано е зголемување на бројот на грлата.

АСАФ расата е добиена со вкрстосување на овци од расите Аваси и Источно Фризиска млечна раса како најдобра комбинација, по неколку децениските испитувања кои уште во 1955 година ги вршела Израелска земјоделска организација (A.R.O) првенствено заради подобрување на плодноста на Аваси расата. Иако станува збор на високо млечна раса овци, голем број високоразвиени сточарски земји  ја имаат прифатено АСАФ расата и поради добрите одлики како месна раса овци.

Досегашната пракса и науката во Шпанија и Потругалија потврдиле дека оваа раса  до 2005 година во лактациски период од 200 до 270 дена дала над 500 литри млеко по грло  и 1,5 до 1,7 јагниња годишно. Со селекција, според нивната научна проценка, сегашната продуктивна способност на оваа раса овци е уште поголема. Очекувањата се дека со увоз на вакви високомлечни грла во Република Македонија за неколку години ќе се подобри генетскиот потенцијал, а со тоа и сегашниот во споредба со оваа раса симболичен годишен просек на млеко по грло овца од околу осумдесеттина литри, а ќе се зголеми и продукцијата на јагне која сега изнесува 1,2 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП