2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловните субјекти во 2012 оствариле промет од 940 милијарди денари

Деловните субјекти во 2012 оствариле промет од 940 милијарди денари

zavod-statistika

Деловните субјекти во 2012 година оствариле вкупен промет од 940,561 милијарди денари и создале додадена вредност од 196,172 милијарди денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 53.907 деловни субјекти во кои биле вработени 334.042 лица.

Најголем број на претпијатијата 44,6 отсто припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало. Во нив работат 28 отсто од вкупниот број на вработени и реализирани се 41,4 проценти од вкупниот промет.

Како втор по значење е секторот Преработувачка индустрија, кој учествува со 13,3 отсто од претпријатијата, 30,4 проценти од вработените и 26,8 отсто од вкупниот промет.

Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2012 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија со 25,7 отсто и секторот Трговија на големо и на мало 23,3 проценти.

Во 2012 најголем дел од деловните субјекти, 91,1 отсто биле микро претпријатија со помалку од 10 вработени во кои биле ангажирани 33,6 отсто од вкупно вработените и создале 25 проценти од вкупната додадена вредност.

Големите претпријатија, пак, кои се 0,2 отсто од вкупниот број на компании, ангажирале 23,3 отсто од вкупно вработените и оствариле 34,3 проценти од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП