9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧесен таксист вратил 300.000 долари на сопственикот

Чесен таксист вратил 300.000 долари на сопственикот

Taxi cab sign

Еден таксист во Лас Вегас пронајде во својот автомобил торба со 300.000 долари и сите пари чесно ги вратил на сопственикот.

Откако во една од големиот број коцкарници во градот освоил голема сума, еден среќен, но расеан или поднапиен турист ја заборавил торбата со пари во таксито кое го одвело до хотелот.

Возачот на таксито Херердо Гамоа ја забележал торбата во моментот кога во автомобилот влегувал друг клиент.

– Му реков „вие ќе ми бидете сведок“ и веднаш го повикав диспечерот, раскажа таксистот.

Парите ги презела управата на такси службата, која се погрижила да го пронајде сопственикот.

„Заборавениот “ патник побарал да се запознае со чесниот таксист, на кој му ветил награда.

– И ништо да не добијам, нема проблем. Не очекувам награда, го направив тоа затоа што сум чесен човек, рече во изјавата за „Лас Вегас сан“ Херардо, кого такси службата го прогласи за „возач на годината“ и го награди со 1.000 долари и вечера за двајца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП