19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова турска инвестиција од 5 милиони евра во Бунарџик

Нова турска инвестиција од 5 милиони евра во Бунарџик

bunar

Лидерот за производство на дискови за сопирачки во Турција компанијата Менсан, донесе одлука да инвестира во Македонија.

Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра, а ќе отвори 100 нови работни места. Новата турска инвестиција
во индустриската зона Бунарџик кај Скопје ја најави денеска директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида.

Се работи за компанијата Менсан која што е лидер во нивниот сектор во Република Турција. Оваа инвестиција беше иницирана од страна на нашиот промотор во Турција, Алев Сулејман.

По неколку месечни преговори денеска претставниците од компанијата донесоа одлука да инвестираат во Република Македонија” изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.

Претставниците од турската групација истакнаа дека една од главните причини поради која се одлучиле да инвестираат во Македонија е нивната визија за развивање на компанијата во Европа.

– Како групација Менсан од Маниса, Република Турција произведуваме дискови за сопирачки и сме една од најголемите компании во Турција.

Како групација продолжуваме со наше инвестирање во Турција и надвор, а денеска донесовме одлука да инвестираме во Македонија.

Најголема причина за нашето инвестирање во Македонија е тоа што оваа земја е доста динамична. Посебно добрата намера на официјалните претставници на Македонија ни влијаеше врз нашата одлука за инвестирање во земјата. Нашата инвестиција ја гледаме како една врата за отварање кон Европа.

Тука сметаме дека ќе го развиеме нашето производство на дискови за сопирачки со што ќе имаме поблизок пристап до европските земји” истакна претставникот од компанијата Менсан, Ѓудум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП