15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа почетокот на следната година 10-тина компании ќе ги објават одлуките за...

На почетокот на следната година 10-тина компании ќе ги објават одлуките за инвестирање

viktor

Се надевам дека во првиот квартал од наредната година ќе имаме околу десетина фирми кои ќе ги објават веќе донесените одлуки за инвестирање во Македонија, рече синоќа во Кавадарци директорот на Дирекцијата за
технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо пред почетокот на трибината „Странските директни инвестиции како двигател на македонската економија”.

Најважно е, потенцира тој, што се трудиме инвестициите да ги има низ целата држава, „Џонсонс контролс” во Штип, „Кромберт и шуберт” во Битола, „Дрекслмаер” и сега „Кофикабс” во Кавадарци. Американска компанија која ќе произведува воздушни перничиња, најави, планира да отвори околу илјада работни места во Кичево.

Мизо најавувајќи инвестиции и низ други региони во државата, истакна дека тоа се прави за луѓето низ целата држава да ги почувствуваат бенефитите од, како што рече, нашето седумгодишно работење.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП