2 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Инвеститори од Емиратите покрај Сава во Белград ќе направат најголем трговски центар во регионот, велат за Политика директори на проектот Белград на вода. За да почне изградбата следната година, Србија треба да обезбеди околу 66 милиони евра за да отстрани дел од колосекот и магацини кои се поставени на десниот брег на Сава од Белградскиот саем до Бранков мост, пишува Политика.

Јагодина – Можно е државата да почне да плаќа пенали поради незавршениот железнички мост на Велика Морава, кој го градеше австриската фирма Алпина. Трасата на меѓународната двонасочна пруга, на делницата Гилје-Ќуприја-Параќин на Коридорот 10, стигна до железничкиот мост на Велика Морава, кој не е завршен, а поради тоа можно е државата да плаќа пенали.

Врање – Шведската компанија Икеа и фабриката за мебел Симпо од Врање се договорија идната година да го зголемат обемот на соработката.

Загреб – Хрватскиот концерн Агрокор на Станиќ групата го продава својот бредн Џуси и дел од погоните во кои се произведуваат истоимените сокови, пишуваат хрватските медиуми. Како што се наведува во хрватскиот печат, потврдата на таа засега неофицијална информација треба да биде објавена оваа недела. Ивица Тодориќ првиот човек на Агрокор, на Светлана Станиќ сопственичка на Станиќ групата, продава дел од производството во Јамница, Младина и Сараевски кисељак, пишува загрепски Јутарњи лист. Притоа, во Јамница останува само производството на вода.

Подгорица – Крајот на февруари сеуште не е сигурен рок за почеток на изградба на автопатот Бар-Болјаре, велат во кинеската компанија  ЦЦЦЦ интернационал. Претставникот на кинеската компанија ЦЦЦЦ интернационал Сонг Дебин изјави во Подгорица дека изградбата на автопатот Бар-Болјаре и потпишувањето на конечниот договор зависи од многу фактори, па крајот на февруари сеуште не може да се наведе како сигурен рок за почеток на реализација на проектот.

Загреб – Хрватската радио телевизија ХРТ во првите 11 месеци оствари нето добивка од 95,3 милиони куни т.е. околу 12,5 милиони евра. Тоа е дури 73,1 милион куни повеќе во однос на истиот период лани, што пред се е последица на рестриктивната трошковна политика и заштедите во сите сегменти на работењето. Во тој период, ХРТ оствари вкупен приход во износ од 1,26 милијарди куни, што е 2,1 отсто помалку во однос на истиот период лани. Вкупните расходи се 1,16 милијарди куни, што е 8 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Белград – 100 годишнината од постоењето на американскиот Фед е одбележан со критики на сметка на таа институција во која многумина гледаат виновник за економската криза, јавува Дојче веле. Федералните резерви на САД веќе 100 години го контролираат семоќниот долар, а одлуките на највлијателната централна банка на светот и денес успеваат да ги разнишаат приликите на светскиот пазар. Меѓутоа, наспроти големиот и важен јубилеј, на 100 годишнината на Американската централна банка ФЕД, можат да се слушнат многу критики за работата на оваа институција, пренесе Дојче веле.

Москва – Русија во Светската трговска организација СТО, го оспори данокот на ЕУ воведен за многу видови на руска стока која се увезува во ЕУ. Основата на таа одлука на ЕУ е проценката дека индустриските земји имаат корист од увозот на руската стока која е поефтина бидејќи во Русија цените на енергијата се пониски од цените на Запад. Тоа е прво такво барање од Москва од пристапувањето на Русија на СТО во август 2012 година. Пријавено е во понеделникот до претставништвото на ЕУ во ООН, објави Министерството за стопанство на Русија.

Хелсинки – Граѓаните на Финска со генерации со страв живееја во сенка на рускиот сосед, но Русија денес може да биде одговор на економските проблеми на таа балтичка земја. Сметајќи дека лизгаат се повеќе кон рецесија, Финците можат да се свртат кон исток во потрага за инвестиции и така да се обидат да ги заборават 100 години под рускиот цар, како и двете војни против Советите, оценуваат аналитичарите. – Можеби постојат некои предрасуди. Но, таквите ставови не се пречка за комерцијална размена – изјави Хели Симола од Финскиот Институт за земјите во транзиција во Хелсинки.

Токио – Јапонските власти усвоија најголем буџет во историјата на таа земја. Состојбата на економијата на Јапонија е подобрена, а зголемувањето на данокот на промет создаде простор за поголема потрошувачка во воени цели. Владата на јапонскиот премиер Шинзо Абе усвои план кој предвидува потрошувачка од 95,88 билиони јени т.е. 922 милијарди долари во една година, почнувајќи од април 2014 година, што е пораст од 92,61 билион јени од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП