20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Форбс“: Бизнисменот Шелдон Алделсон најмногу заработил во 2013

„Форбс“: Бизнисменот Шелдон Алделсон најмногу заработил во 2013

sa

Американскиот коцкарски магнат Шелдон Аделсон е на врвот на листата на бизнисмени, кои најмногу спечалиле во 2013 година.

Според списанието „Форбс“, во изминатата година неговиот приход е 15 милијарди долари.

На тој начин и неговата состојба за оваа година се зголемила за 68 проценти, односно, секојдневно тој заработувал околу 41 милиони долари.

Аделсон е сопственик на мрежата казина и хотели „Сендс“ во Лас Вегас, а има казина и во Макао и Сингапур. До пред неколку месеци тој беше 11-ти на списокот на „Форбс“ на најбогатите жители на САД, а сега е петти.

Неговата финансиска состојба се проценува на 37,2 милијарди долари.

На второ место на листата е 29-годишниот основач на „Фејсбук“ Марк Цукерберг, кој изминатата година го зголемил својот капитал до 13,6 милијарди долари.

Неговата состојба се проценува на 25,8 милијарди долари.

Третиот во тројката на најуспешни милијардери е основачот на најголемата светска он лајн платформа за пазарење „Амазон“ Џеф Безос, кој се збогатил со 13,3 милијарди долари.

По него следи шефот на инвестицискиот холдинг „Беркшир хатавеј“ Ворен Бафет со 12,1 милијарди долари.

Петтото до осмото место го заземаат претставници на семејството Волтон, кои ја контролираат од најголемата мрежи во светот од продавници „Волмарт“.

На деветто место е основачот на „Гугл“ Лери Пејџ. За една година тој се збогатил за 9,4 милијарди долари.

На крајот на листата се наоѓа претседателот на советот на директори на „Мајкрософт“ Бил Гејтс. Оваа година основачот на компјутерската компанија го зголемил капиталот со 9,3 милијарди долари.

Вкупно на неговите сметки има 74,1 милијарди долари, што го прави најбогат човек на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП