3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните учествуваат во процесот на фискалната дисциплина

Граѓаните учествуваат во процесот на фискалната дисциплина

intervju-stavreski

Над 150 илјади плика досега пристигнаа во Државната лотарија на Македонија, во рамки на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, информира денеска вицепремирот и министер за финасии Зоран Ставрески.

Над 150 илјади плика досега пристигнаа во Државната лотарија на Македонија, во рамки на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, информира денеска вицепремирот и министер за финасии Зоран Ставрески.

Според него, деновиве е забележан уште поголем интерес, а само во последните три-четири дена испратени се од 40 до 50 илјади плика. Очекува бројот да се зголеми пред Нова година кога ќе има зголемен промет.

Вицепремирот Ставрески апелираше до сите граѓани да ја искористат можноста и да учествуваат во наградната игра, посочувајќи дека, според податоците од терен, секаде се бара фискална сметка за секој производ што се купува од најмала до најголема вредност и оти е зголемен интересот за бели плика со стандардна големина.

– Имаме голем интерес за наградната игра и граѓаните очигледно увидоа дека на ваков начин можат и да ја исполнат својата општествена одговорност, односно да учествуваат во процесот на подобрување на финансиската и фискалната дисциплина, но и да имаат можност рамноправно да добијат една од вредните награди, изјави Ставрески.

Процесот, оцени тој, се одвива максимално транспарентно. – Пликата стигаат и се чуваат на посебно место во Државната лотарија на Македонија и ние ќе направиме се до крајот на процесот сите да бидат правилно и навремено информирани, додаде Ставрески.

Во текот на наградната игра ќе бидат доделени три типа автомобили, односно четири „Пежо 208“, три автомобили „Волфсваген Поло“ и две „Сеат Ибица“. На првото извлекување кое ќе се одржи на 30-ти декември во 20 часот на МТВ ќе биде доделено „Пежо 208“, еден стан во Аеродром од 52 метри квадратни, дуќан од 30 метри квадратни и вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари, со кои може да се купи видео и аудио опрема и апарати за домаќинство.

Граѓаните освен преку пошта, пликоата со фискални сметки може да ги доставуваат во пунктот на Државната на лотаријата на градскиот плоштад во Скопје, а наскоро ќе бидат поставени вакви објекти и во другите градови во земјава.  Ќе се земат предвид и пликата за ова коло пристигнати на 29 декември на полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП