18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа малите и средните претпријатија нови 100 милиони евра од ЕИБ

За малите и средните претпријатија нови 100 милиони евра од ЕИБ

download

Нови 100 милиони евра што Владата ги обезбеди од Европската инвестициска банка наскоро ќе бидат достапни на македонските компании.

Законското решение за оваа четврта кредитна линија беше прифатена денеска во собраниската Комисијата за финансирање и буџет.

Целта, како што рече заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини, е да се продолжи поддршката на приватниот сектор од страна на Владата за зголемување на ликвидноста, извозот и отворање нови работни места.

Средствата што ги добива Македонската банка за поддршка на развојот ќе се пласираат до крајните корисници преку деловните банки услови како и претходните три.

Каматната стапка е 5,5 проценти, со рок на отплата од осум години за основни средства и грејс период од две
години и за обртни средства рок на отплата од три години и шест месеци грејс период.

Минималниот износ е 10.000 евра, а максималниот 4,750 милиони евра.

Заменик-министерот рече дека досега со трите кредитни линии од Европската инвестициска банка се поддржани над 1.000 проекти во 20 општини во земјава.

Членовите на Комисијата го разгледа Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи кој предвидува 17,603 милиони евра да ги добие Јавното претпријиатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Целта, како што рече заменик-министерот за финансии Џеладини, е да се заврши проектот.

Средствата ќе се искористат за станови за ранливи категории.

Марјанчо Николов од СДСМ посочи дека опозицијата нема да го поддржи ова законско решение се додека Владата не каже колкав е јавниот долг во државата.Според него ова е обид да се тргнат овие средства од централниот буџет и да се префрлат долговорите на други претпријатија.

– Се однесувате неодговорно кон јавните финансии и води кон грчко сценарио, рече Николов додавајќи дека во последните месеци преку законски решенија е задолжена државата 1 милијарда евра.

Заменик-министерот посочи дека не станува збор за ново задолжување и оти податоците за задолжувањето на земјата се јавно достапни на веб страната на Министерството за финансии и на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост.

Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија на Македонија потенцира дека опозицијата е упорна да предизвика сомнение кај граѓаните за предизвикување грчко сценарио.

– Македонија редовно ги сервисира обврските и сметам дека треба да ја напуштите таа теорија за влегување во грчко сценарио, рече Авировиќ.

Комисијата ги разгледуваше и Предлог – законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за Проектот за развој на вештини и иновации, двата по скратена постапка во второ читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање готовинските плаќања, по скратена постапка во второ читање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП