среда, 6 јули 2022
ПочетнаКОМПАНИИПотврден рејтингот на ПроКредит Банка во Македонија

Потврден рејтингот на ПроКредит Банка во Македонија

prokredit

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го потврди повеќегодишниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка „ББ+“.

Како што соопшти Банката, индивидуалниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните бизнис резултати на банката меѓу кои квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност,  високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база. Дополнително за ваквиот рејтинг значајна е и поддршката од акционерите, пред се ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија со седиште во Франкфурт Германија.

– Потврдата на рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера резултатот е потврда на одговорното работење на банката, кредитната технологија и експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза на што како германска банка се темели нашето работење. Во услови кога бележиме раст на кредитирањето на бизнисите за изминатата година, во предизвикувачки економски услови, да се добие оцена на работењето од независна меѓународна институција и да се одржува добриот рејтинг е важна карактеристика за работењето на една институција, вели Јованка Јолеска-Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.

„Фич” е глобална рејтинг агенција, една од големите три рејтинг агенции кои спроведуваат независни оценки на кредитниот рејтинг според меѓународни споредливи стандарди. Кредитниот рејтингот претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка на сигурноста и стабилноста на финансисиката институција во даденото макроекономско опкружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП