ЕКОНОМИЈА

Минималната плата во Хрватска зголемена на 395 евра

zagreb

Минималната бруто плата во Хрватска во следната година ќе изнесува 3017,61 куни (395 евра), што е за 32,83 куни повеќе од досегашниот минимум.

Владата ја зголеми висината на минималната плата како резултат на порастот на просечните доходи, како и поради фактот што хрватската економијата се уште се наоѓа во рецесија, а куповната моќ на населението е намалена, соопшти Министерството за труд.

Хрватската Влада донесе и одлука за ограничување на именувањето нови државни функционери во текот на следната година.