23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Истекува рокот за поднесување Барања за отпис на камати на достасани...

УЈП: Истекува рокот за поднесување Барања за отпис на камати на достасани обврски

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека на крајот на месецов истекува рокот за поднесување Барања за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012
година.

Од УЈП апелираат обврзниците да не го чекаат последниот рок, 31 декември, за да ја искористат можноста за отпишување на каматите.

И тоа во износ од 100 отсто камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски; 75 отсто ако исплатата на заостанатите обврски за кои е
поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски; и 50 отсто камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и
редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Повеќе информации за начинот на остварување на правото за отпис на камати заинтересираните може да најдат на веб-страницата на УЈП преку посета на линкот http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/378, да се обратат во Инфоцентарот на УЈП на телефонот 0800 33 000 или преку електронска пошта на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП