20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМерцедес „украде“ двајца инженери од Ред Бул

Мерцедес „украде“ двајца инженери од Ред Бул

Rob+Marshall+Marc+Ellis+Infiniti+Red+Bull+T-A7revpuxBl

Тимот на Мерцедес успеал да убеди двајца од инженерите на Ред Бул да го напуштат четирикратниот шампион кај конструкторите во Формула 1 и да преминат во нивните редови, пренесе германскиот весник „Билд“.

Според медиумот, одговорниот за моторната динамика, Марк Елис и шефот на одделот за симулатор Жил Вуд, веќе се договориле со Мерцедес.

„Овој потег нема да е пријатно новогодишно изненадување за Себастијан Фетел“, коментира дописникот на „Билд“, Никола Пол.

Се смета дека двајцата инженери ќе почнат со работа во новиот тим, од јуни 2014-та година, а од Мерцедес се надеваат дека со овој чекор ќе успеаат да ја прекинат доминацијата на Ред Бул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП