28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ги докапитализира банките

Словенија ги докапитализира банките

bankaslovenija2

Европската комисија вчера донесе решение за државна помош за пет словенечки банки (NLB, NKBM, Abanka, Factor Banka и Probanka), со кое ќе се прифати одлуката на Владата од минатата недела, во која се наведува дека мерките за зајакнување на стабилноста на банките ќе стапат на сила по добивањето на позитивно мислење од Европската комисија. Во исто време, договорите се потпишани помеѓу DUTB и банките NLB и NKBM за трансферот на лошите пласмани во друштвото за управување со банкарски побарувања.

За Abanka, Европската комисија издаде привремена мерка, со која и беше доделен првиот дел од докапитализацијата, која се спроведува денес, во износ од 348 милиони евра. Останатиот дел за докапитализација, која е неопходна за долгорочно одржување на Abanka и трансферот на лошите пласмани во DUTB, ќе бидат направени по приемот на конечното позитивно мислење од Европската комисија, кое ќе биде подготвено врз основа на планот за реструктуирање, кој е во фаза на подготовка.

Врз основа на одлуките од страна на Банката на Словенија, која донесе итни мерки за зголемување на капиталот на NLB, NKBM, Abanka, Probanka и Factor Banka, денес Република Словенија соодветно ќе изврши зголемување на капиталот во овие банки, и тоа:

NLB: зголемување на капиталот на износ од 1.551 милиони евра, од кои 1.141 милиони евра во готово и обврзници на Република Словенија на износ од 410 милиони евра;

NKBM: зголемување на капиталот на износ од 870 милиони евра, од кои 620 милиони евра во готово и  обврзници на Република Словенија на износ од 250 милиони евра;

Abanka: зголемување на капиталот во готово на износ од 348 милиони евра;

Probanka: зголемување на капиталот на износ од 176 милиони евра, од кои 160 милиони евра во готово и обврзници на Република Словенија на износ од 16 милиони евра;

Factor Banka: зголемување на капиталот на износ од 269 милиони евра, од кои 160 милиони евра во готово и обврзници на Република Словенија на износ од 109 милиони евра.

Се потпиша и договор помеѓу DUTB и банките NLB и NKBM за трансфер на лошите пласмани во друштвото за управување со банкарски побарувања. Вредноста на пренесените средства од NLB во DUTB изнесува 711 ​​милиони евра, додека од NKBM во DUTB изнесува 422 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП