20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО,,Форбс" ја објави листата на најплатени спортисти во светот

,,Форбс” ја објави листата на најплатени спортисти во светот

tiger-woods

Американскиот голф играч Тајгер Вудс е најплатениот спортист во 2013 година со заработка од 78,1 милиони долари објави денеска списанието „Форбс“.

Второто место на листата најдобро платени спортисти му припадна на тенисерот Рожер Федерер (Швајцарија) со заработени 71,5 милиони долари, од кои само 6,5 милиони од учеството на турнирите и дури 65 милини од спонзорските договори.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант со 62 милиони евра е на третата позиција на листата креирана од „Форбс“.

Со својата заработка годинава пласман во првата десетка имаат обезбедено и:

4. Леброн Џејмс (САД, НБА) – 60 милиони долари
5. Дру Брис (САД, НФЛ) – 51
6. Арон Роџерс (САД, НФЛ) – 49
7. Фил Микелсон (САД, голф) – 48,7
8. Дејвид Бекам (Велика Британија, фудбал) – 47,2
9. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал) – 44
10. Лионел Меси (Аргентина, фудбал) – 41.
Најдобра платена спортистка е руската тенисерка Марија Шарапова која со годишна
заработка од 29 милиони долари се најде на 22.место во вкупниот пласман. зс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП