3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧаен колбас и млечни производи со природни состојки

Чаен колбас и млечни производи со природни состојки

clean

Реализирање проекти за иновативни прехранбени производи без синтетски бои и какви било додатоци, т.н. „clean label“ (чаен колбас според традиционалните рецепти, без хемиски адитиви, со природни, домашни состојки, млечен десерт без стабилизатори), ќе овозможи првата канцеларија на данската фирма Chr Hansen
во Македонија.

Канцеларијата ќе биде официјално отворена задутре, на Факултетот за земјоделски науки и храна. Како што вели раководителот Мери Илиеска, станува збор за дел од глобалната стратегија на Chr Hansen чија цел е воспоставување соработка меѓу науката и индустријата.

– Ги следиме големите и глобални идеи на 21. век кои вклучуваат промени при изборот на млад кадар во индустриите, мерење колку студентите може да го применат стекнатото знаење, а не колку време поминале на факултет. Сакаме да се потенцира значењето на истражувачките проекти во соработка со прехранбената индустрија.

Лоцирани сме на Факултетот за да бидеме со науката, да им овозможиме практична примена на науката на
студентите преку изработување проекти за потребите на прехранбениот сектор, објаснува Илиеска.

Chr Hansen обезбедува култури, ензими и пробиотици за млечната индустрија, природни бои за прехранбените производи, диететски додатоци. Целата палета е според светските стандарди.

Културите, ензимите и пробиотиците се за прехранбената индустрија воопшто, вклучувајќи ги млечната, месната, индустријата за пијалоци, кондиторската, винарството, …, додека природните концентрати за обојување се посебно наменети за млечни и овошни преработки, пијалаци, сладоледи,…, потекнуваат исклучиво од бобинки, корења и семиња.

На отворањето на канцеларијата студентите од Катедрата за млеко и месо при ФЗНХ ќе извршат дегустација млечни и месни производи и ќе го презентираат својот проект.

Гостите, пак, ќе имаат можност сами да се уверат во доделената непристрасна оценка.

Според проценките на пазарот, повеќе од 500 милиони луѓе во светот денес конзумираат производи со Chr Hansen состојки. Компанијата има канцеларии во 150 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП