Принцот на Абу Даби шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан само за една ноќ во Подгорица остави околу 50.000 долари бакшиш на сите членови на персоналот од обезбедувањето до келнерите и готвачите.
Пред да пристигне во вилата „Горица“ каде вечерал и ноќевал, шеикот побарал список на перосналот, а човекот од неговата свита им дал на сите пликови во кои имало од 1.000 до неколу илјади долари.
Така шеикот ги потврдил легендите на арабиските принцови кои имаат навика да носат торби со долари за да ги разделат на своите домаќини.
Со тоа тој покажал дека освен орденот на Голема црногорска ѕвезда кој му ја врачи претседателот Филип Вујановиќ, тој може да биде одликуван и за дарежливост.
Шеикот Мохамед бин Заид ал Нахјан ги доби симпатиите од Црногорците уште во 2008 година кога ја посети Будва и најави дека планира да инвестира на ривиерата.
И тогаш принцот поделил бакшиши на целиот персонал на хотелот во кој беше сместен.