4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-албански бизнис-форум

Македонско-албански бизнис-форум

bf

Сојузот на стопански комори на Македонија организира Македонско-албански бизнис форум кој е во склоп на тридневната посета на бизнис-делегација од регионот на Корча, Албанија.

Форумот е во рамки на ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија и проектот „Подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион“.

ССК соопшти дека ќе бидат организирани директни средби помеѓу македонските и албанските компании со цел креирање можност македонските компании да остварат директни контакти со компаниите од Албанија и започнување успешна деловна соработка.

Најавено е обраќање на претставници од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на локалната самоуправа на Тетово и на Сојузот на стопански комори на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП