28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаместени 380 натпревари, од кои два во Лигата на шампионите

Наместени 380 натпревари, од кои два во Лигата на шампионите

crime1

Европската полициска служба (Европол) денес соопшти дека вкупно 380 натпревари се наместени, вклучувајќи ги квалификациските натпревари за Светското и Европското првенство, како и двa натпревари од Лигата на шампионите.

Директорот на Европол, Роб Венрајт изјави дека во 18-месечната истрага се откриени 425 луѓе од 15 земји кои се занимавале со местење на натпревари, како и со нелегално обложување од кое стекнале осум милиони.

Тој откива дека на учесниците во местењето на натпревари им биле платени два милиони евра, а најголемата поединечна исплата била 140.000 евра.

„Ова е тажен ден за фудбалот“, изјави Венрајт на прес-конференцијата за новинари во Хаг.

„Ова е досега најголемата истрага за наводно местење на натпреварите во Европа. Постигнавме големи резултати и сметам дека интегритетот на европскиот фудбал е нарушен. Откривме голема криминална мрежа“, изјави тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП