3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Британија на минимум

Инфлацијата во Британија на минимум

bankengla1

Инфлацијата во Британија во ноември забави на 2,1 проценти, што е најниското ниво во последните четири години, покажуваат официјалните податоци на Лондон.

Инфлацијата во октомври била на едногодишниот минимум од 2,2 проценти, наведува британскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Индексот на потрошувачките цени минатиот месец се зголеми за 2,1 проценти, побавно во однос на 2,2 проценти од октомври, наведува Заводот, додавајќи дека за забавување на инфлацијата најмногу придонел спориот раст на цените на храната, гасот и електричната енергија.

Основната задача на Банката на Англија е со помош на монетарна политика, инфлацијата да ја држи во близина на владината цел од два проценти, со цел да се зачува вредноста на парите. Инфлацијата е над посакуваното ниво од ноември 2009 година, но во моментов е многу пониска во однос на периодот од пред две години, кога таа надминуваше пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП