18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдличен концепт - Велосипед што го прочистува загадениот воздух

Одличен концепт – Велосипед што го прочистува загадениот воздух

air-pu

Група тајландски иноватори претстави одличен концепт на велосипед што го прочистува загадениот возудх.
Доколку идејата на „Лајтфог Креатив“ биде реализирана во стварност, тоа ќе претставува трајно решение за загаденоста на воздухот во големите градови.

Претставениот прототип меѓу рачките на велосипедот има поставено филтер за прочистување на воздухот. Кога возачот ќе ги заврти педалите, филтерот ги задржува прашината и загадениот воздух, ги прочистува и потоа чистиот воздух го испушта кон велосипедистот, а чист воздух има доволни и за луѓето што евентуално ќе се најдат зад велосипедот.

– Идејата е преку движење на педалите да се создаде чист воздух, но велосипедот има и мал мотор на батерии, и воздухот може да го прочистува и додека велосипедот стои.

Сакаме велосипедот да биде најеколошкото превозно средство, изјавија тајландските иноватори кои
за својот концепт имаат добиено неколку меѓународни награди.

„Лајтфог Креатив“ се надева дека наскоро ќе најде инвестотори и дека концепт велосипедот ќе се најде во сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП