4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Quattro со мотор од 2.5 литри подготвен за производство?

Audi Quattro со мотор од 2.5 литри подготвен за производство?

koncept quttro

Директорот на Ауди за германскиот магазин „Auto Motor und Sport“ изјави дека концептот „Sport Quattro“ најверојатно ќе се најде во производство.

Според зборовите на Руперт Штадлер, првиот човек на Ауди, мисијата на концептот „Sport Quattro“ била пред се да се добие мислењето на потенцијалните купувачи, односно дали сакаат своите пари да ги дадат за ваков автомобил. На крајот, сето тоа се сведува, нормално на заработката.

Во извештајот за германскиот магазин се покажува дека зелено светло за производство е веќе добиено.

koncept quttro1

Исто така, се пренесуваат информацијата дека серискиот модел ќе го придвижува петцилиндарски бензинец со зафатнина од 2.5 литри, наместо V8 хибридот.

Хибридниот погон беше претставен во прототипот кој неодамна беше прикажуван на големите автомобилски саеми.

Моќта на моторот најверојатно ќе биде во опсег од 340 дo 360 ks.

koncept quttro2

Убаво е да се види дека Ауди претставува модел кој со својот изглед ќе се разликува од другите модели од производната програма.

Сепак, лоша вест за љубителите на оргиналниот „Quattro“ е тоа дека новиот модел можеби нема да биде агилен, спортски автомобил каков што би се очекувало врз основа на традицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП