25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајздравиот избор за децата – новото свежо млеко од Бимилк со 3,5%...

Најздравиот избор за децата – новото свежо млеко од Бимилк со 3,5% млечна маст

bim

Бимилк започна со дистрибуција на својот најнов производ – Битолското свежо млеко со 3,5% млечна маст кое има подолг рок на трајност и поголема хранливост и енергетска вредност. Благодарение на технологијата која се користи за негово производство, Битолското свежо полномасно млеко не е потребно да се вари и има рок на траење од 15 дена.

Новото свежо полномасно млеко е богато со протеини, витамините А, Б и Д, минерали, јаглени хидрати, калциум и други состојки кои се неопходни за нашето здравје. Полномасното свежо млеко особено е корисно за децата и нивната секојдневна исхрана поради богатството од протеини и калциум, додека масленоста од 3,5% на свежото млеко овозможува сите хранливи состојки и витамини организмот многу полесно да ги апсорбира.

„Идејата за новиот производ произлезе од потребатана потрошувачите за поздрав начин на исхрана кој вклучува повеќе свежи производи. Новиот производ од Бимилк ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Свежото Битолско млеко е похранливо, повкусно и неговото редовно конзумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.

Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко поминува процес на бактофугирање и термичка обработка со пастеризација со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Технологијата која се користи во целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.

Согласно светските трендови во млечната индустрија и барањата на потрошувачите, Бимилк во иднина планира да го прошири своето портфолио на свежи млека.

mleko-bimilk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП