1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИНеделна Анализа

Неделна Анализа

uyuyuy

16-20 Декември 2013 година

Оставајки зад нас една досадна недела проследена со пазар кој се колебаше да направи било каков позначаен ценовен исчекор, конечно влегуваме во можеби еден од најважните периоди на тргувањето. Имајте предвид дека ова ќе биде практично и последна недела за вистинска акција годинава бидејки следната недела почнуваат божиќните празници кај западните земји и пазарите ќе бидат прилично неликвидни до Јануар. Значи влегуваме во недела во која скоро сите гувернери на централните банки ги држат своите последни говори пред крајот на годината и ги сумираат состојбите на економски план. Исто така и последните објави влијаат на конечното утврдување на конечните економски показатели и се мерат и корегираат нивните отстапувања од првичните прогнози што исто иака може да влијае позитивно или негативно врз одредени пазари односно валути.
Во фокусот за оваа недела мора да внимаваме на следниве објави и настани :
-Понеделник
Во 02:45 часот Кина го објавува прелиминарниот индекс за производството, а истиот индекс го објавуваат и Франција во 09:30, Германија во 09:30 и збирниот индекс за еврозоната во 10:00 часот. Доколку податоците се подобри од прогнозите можен е раст на еврото, заради потврда на конечното опоравување на економската состојба во еврозоната и релативно извесниот излез од долгата криза. Истите индекси САД ги објавуваат во 15:00 часот кога и гувернерот на ЕЦБ М. Драги ќе го одржи својот говор.
-Вторник
01:30 во Австралија ќе биде објавен извештајот за монетарната политика. Во 10:30 часот е податокот за стапката на инфлација во Англија (доста важен за британската фунта), во 11:00 часот е објавата на германскиот и европскиот индекс на економски оптимизам. Во 14:30 стапката на инфлација во САД (мерена без влијание на енергијата и горивата). Во 16:30 е говорот на гувернерот на централната банка на Англија а во 23:30 на гувернерот на централната банка на Австралија.
-Среда
Во 10:00 од Германија имаме објава за индексот на бизнис климата а во 10:30 во Англија е објава на гласањето на одборот за евентуални промени во монетарните политики. Истовремено од Англија ја добиваме и стапката на невработеност (не се очекува промена). Во 14:30 од САД следи објавата за бројот на издадените градежни дозволи и во 20:00 часот е извештајот на пазарниот комитет во врска со согледувањата во економијата и ефикасноста на предложените монетарни политики. Ова е исклучително важен настан и со сигурност можеме да претпоставиме дека ќе биде предизвикана реакција на пазарите. Во 20:30 следи прес на истиот комитет.
-Четврток
Англија го објавува податокот за стапката на малопродажба во 10:30 и се предвидува подобрување а во 14:30 е бројот на апликанти за незапосленост во САД. Од САД исто во 16:00 часот следи објавата на бројот за продадените домови и индексот на индустриското производство кој го пресметува Филаделфиската филијала на ФЕД кој е важен индикатор за идните состојби во економијата.
-Петок
Централната банка на Јапонија во текот на раните утрински часови го објавува извештајот за монетарната политика и во 10:30 Англија го објавува податокот за состојбата на билансот и стапката на БНП
Имајте предвид дека во текот на оваа недела се одржува и Европски самит на кој меѓу другото ќе се разговара и за прогресот во формирањето на банкарската унија и за активирање на заеднички банкарски фонд за помош и санација.
Да направиме и краток преглед на движењето на позначајните валутни парови.
Кај валутниот пар EUR/USD ценовниот опсег на тргување во текот наизминатата недела беше во границите помеѓу 1.370 и 1.380. Пробојот на овие граници може да го одреди понатамошниот тек на движењето на овој валутен пар. Секако можни се и пресврти бидејќи имаме важни објави и од Европа и од САД. Понеделник е посебно важен за Еврото со објавите за производството во еврозоната но секако Среда и извештајот на пазарниот комитет ќе ја имаат клучната улога. Можна е зголемена волатилност и потребна е голема предпазливост поготово заради очекувањата за добри податоци и од Европа и од САД што можат да предизвикааат остра ценовна реакција но и можност овој валутен пар да продолжи да се тргува во постоечките граници без почеток на тренд.
За Австралискиот долар опсегот на тргување во однос на американскиот долар во изминатата недела беше помеѓу 0.891 и 0.915. Мора да напоменеме дека обидот за пробој на нивото 0.891 беше по трет пат неуспешен ( првите два обиди беа во текот на летото оваа година). Дали трендот на пад на Австралискиот долар ќе продолжи во голема мера ќе зависи од извештајот во Вторник и од говорот на гувернерот, кој во текот на викендов во едно свое излагање спротивно на препораките и правилата за “фер-плеј“ на групата Г20 искажа мислење дека Австраликиот долар е преценет и дека неговата фер вредност е 0,850. Ова е по малку преседан вака отворено да се таргетира одредена конкретна цена иако не е невидено да и другите гувернери со одредени изјави забележуваат за преценетоста на своите валути.  Тоа дури на многумина од гувернерите им влезе и во навика. Ваквата негова изјава на некој начин ни дава за право да веруваме  дека и монетарниот извештај ви Вторник а и говорот кој следи вечерта ке имаат за цел да ја ослабнат валутата. Јакиот австралиски долар веке предизвикува проблеми и затварање на неколку автомобилски  фабрики додека други почнаа да најавуваат затварање заради неконкурентност. Доколку вредноста падне под 0.890 веројатно трендот на слабеење ќе продолжи до 0.875 како прво ниво на поддршка и 0.860 при поостар пад. Прво ниво на отпор е 0.900.
Кај валутниот пар USD/JPY ценовниот опсег на тргување беше помеѓу 102.40 и 103.80. Ова е втор безуспешен обид овој пар да ја пробие оваа границата на отпор 103.80. Првиот обид беше во Мај месец оваа година. Овде досега имавме нагорен тренд и дали овој тренд ќе продолжи или не одговор ќе имаме во Среда во 20 часот со објавата од САД. Централната бака на Јапонија е спремна да олеснува до недоглед и извесно е дека јапонскиот јен веројатно ќе слабее но неизвесноста е сега само дали и САД ќе продолжат со олеснувањата или ќе дадат некаков сигнал дека конечно е можно макар и мало стегање и излез од програмот. Доколку тоа се случи извесно е дека овој тренд ќе биде продолжен. Ако не ќе следи мал пресврт а цената можно е да се консолидира во границите на минатонеделните тргувања.
Златото имаше можеби најинтересно движење во текот на изминатата недела бидејќи имаше обид за пробој и нагоре и надолу. Имено, иако ценовниот опсег веќе некое време е помеѓу 1225 и 1260 долари за унца, прво имаше силен обид за пробој нагоре кога нивото на отпор на 1260 беше за кратко пробиено со достигнување на вредност 1265, но цената не успеа да се одржи надвор од опсегот и настана моментален пресврт и пад до нивото 1225 кое беше исто така пробиено со достигнување на 1220 но повторно цената со силен пресврт моментално се врати во опсегот за неделата да ја затвори таму каде и ја почна, на ниво 1233. Понатамошниот тек на движењето на цената овде најмногу ќе зависи од извештајот на комитетот во Среда.
Заради добрите показатели (поготово бројот на нововработени и намалување на процентот на невработени) шпекулациите се дека сега конечно од САД ќе биде барем спомната можноста за излез (макар и постапен) од програмот за монетарно олеснување. Пазарот можеби по малку и го има вкалкулирано ова но секако неизвесноста е преголема. Ниската стапка на инфлација остава слободен простор за продолжување со ваквата активност на ФЕД а и притисокот или стравот од евентуалниот оштар пад на акциските пазари заради евентуалното намалување на “ликвидноста“ ги прави членовите на комитетот да се предпазливи и да не брзаат со носењето на ваквата одлука. Но можеби, колку повеќе решението за излез се оддолговлекува можно е и последиците да бидат поголеми. Останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП