19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСимптоми кои не смееме да ги игнорираме

Симптоми кои не смееме да ги игнорираме

simptomi1

Болката или одредени симптоми кои можат да бидат занемарливи и ги игнорираме, често знаат да бидат предвесници на некои посериозни болести. Еве во кои случаи треба да го слушате вашиот организам кога ви праќа знаци и сигнали.

Проблеми со спиење

Несоницата често ја препишуваме на стресниот ден, проблемите или преголемиот замор. Затоа и луѓето забораваат да му ја спомнат на својот лекар. Но, проблемите со спиењето, особено кај личностите со проблеми со срцето, дијабетес или висок крвен притисок, можат да бидат последица на друга здравствена состојба.

Вагинален секрет

Вагиналниот секрет е нормална појава, но зголеменото лачење на истиот, без разлика дали делува природно, може да спаѓа во четвртата група секрети и да биде симптом на рак на грлото на матката. Не го игнорирајте и не ја одложувајте посетата на гинеколог.

Запек

Запекот најчесто се должи на нередовна или неправилна исхрана. Но, нормалната столица подразбира едно до три празнења на цревата дневно. Ако неколку дена последователно патите од запек, тоа може да се должи на блокада, тумор или пролапс на дебелото црево, што бара итна посета на лекар.

Главоболки

Главоболките пропратени со зголемена температура, вкочанет врат или повраќање, кои траат повеќе од неколку дена континуирано, може да укажуваат на тумор или менингитис. Може да е и ништо, но зошто да ризикувате, наместо да извршите преглед?

Болка на заб и лице

Болката на заб може да ви укаже дека треба да посетите стоматолог и така да изгубите драгоцено време, неконцентрирајќи се на вистинскиот проблем, бидејќи во прашање може да биде и херпес зостер за кој е исклучително важно да се лечи брзо, за да не доведе до болна и постојана невропатија на лицето.

Дијареја

Дијарејата не е проблем сам за себе, туку сигнал дека нешто не е во ред во вашиот организам. Постојаната дијареја која не престанува и по неколку дена може да укаже на паразити, кронова болест, рак, проблеми со панкреасот или жолчна киселина. Не се срамите да поразговарате со вашиот лекар.

Киселини

Враќањето киселини може да предизвика ерозија на забот, симптоми кои наликуваат на астма, бидејќи содржината на желудникот се вовлекува во белите дробови. Дополнително, тоа може да предизвика и рак. Токму поради тоа, не се обидувајте да ги „маскирате“ киселините со апчиња, туку разговарајте со вашиот лекар за соодветен третман за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП