1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Bank“ е под истрага поради ценaта на златото и среброто

„Deutsche Bank“ е под истрага поради ценaта на златото и среброто

deutsche_bank121

Германската банкарска регулаторна агенција „BaFin“ побарала документација од „Deutsche Bank“ како дел од истрагата за наводната манипулација со ценaта на златото и среброто, пишува „Financial Times“.

Агенцијата објавила разговори со службениците на оваа банка во текот на повеќето инспекции во последните неколку месеци, а ова го потврдија извори кои се запознаени со овој случај.

Моментално цената на златото се одредува два пати дневно за време на телеконференција помеѓу пет банки: „Deutsche Bank“, „Barclays“, „Bank of Nova Scotia“, „HSBC“ i „Societe Generale“. Нивниот договор влијае на глобалната цена на овој племенит метал.

„Deutsche Bank“ е една од трите финансиски институции кои учествуваат во еквивалентниот процес во врска со цената на среброто.

Истрагата за одредување на цената на златото и сребото е започната по неодамнешната афера за манипулацијата на меѓубанкарската каматна стапка Либор и Еурибор.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП