28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенералниот директор на „Алкалоид“добитник на „Златен медал“ од Црвениот крст

Генералниот директор на „Алкалоид“добитник на „Златен медал“ од Црвениот крст

zivko

Црвениот крст на Република Македонија му го додели признанието „Златен медал“ на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, за поддршката на социјални програми кои се насочени кон помагање на најранливата категорија граѓани.

На пригодна церемонија што се одржа денеска во просториите на Црвениот крст, организацијата му изрази благодарност на Мукаетов за, како што истакнаа, огромниот придонес кој континуирано со години го дава во насока на помош на оние на кои им е најпотребна.

– Со особено задоволство го доделуваме ова високо признание во знак на благодарност за укажаната помош во остварувањето на хуманитарните цели на Црвениот крст и во повеќе наврати обезбедената поддршка на програмските активности на нашата организација.

Ефектите се повеќе од позитивни, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити.

Во своето пригодно обраќање Мукаетов изрази благодарност за доделеното признание.

– Ова е исклучителна чест за мене, но и поттик да продолжиме со хуманата мисија – јас како индивидуа, но и моето семејство и компанијата која ја водам, потенцираше Мукаетов.

Признание „Бронзен поддржувач“ беше доделено на неколку други компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП