20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати осминафиналистите во Лигата на шампионите

Познати осминафиналистите во Лигата на шампионите

Champions-League

По одигрувањето на синоќешните натпревари од 6.коло од групите од Лигата на шампионите познати се сите 16 екипи, кои ќе играат во осминафиналето.

Последни пласманот го обезбедија: Борусија Дортмунд, Арсенал, Милан, Зенит и Шалке.

Губитник во целата разврска е италијанската екипа Наполи, која и покрај 12.те бода поради послабата гол разлика во дуелите со Борусија Д. и со Арсенал е третопласирана во групата.

Горан Пандев за Наполи синоќа одигра 57 минути против Арсенал, додека Даниел Георгиевски беше дел од Стеауа на гостувањето кај Челзи.

Натпреварот Австрија Виена – Зенит го судеше македонскиот судија Александар Ставрев.

Преглед на резултатите од 6.коло:

Е група: Челзи – Стеауа 1:0, Шалке – Базел 2:0.
Табела: Челзи 12 бода, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3.

Ф група: Олимпик Марсеј – Борусија Дортмунд 1:2, Наполи – Арсенал 2:0.
Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 12, Наполи 12, Олимпик М. 0.

Г група: Атлетико М – Порто 2:0, Аустрија Виена – Зенит 4:1.
Табела: Атлетико М. 16, Зенит 6, Порто 5, Аустрија 5.

Х група: Милан – Ајакс 0:0, Барселона – Селтик 6:1.
Табела: Барселона 13, Милан 9, Ајакс 8, Селтик 3.

Осминафиналисти во Лигата на шампионите се: Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ,
Баерн, Челзи, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Барселона (првопласирани), Баер Л.,
Галатасарај, Олимпијакос, Манчестер Сити, Шалке, Арсенал, Зенит и Милан
(второпласирани).

Третопласираните екипи од групите ќе продолжат во Лига Европа: Шахтјор, Јувентус,
Бенфика, Викторија Плзен, Базел, Наполи, Порто и Ајакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП