2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Скопскиот саем ФИНЕКСПО 2013

На Скопскиот саем ФИНЕКСПО 2013

fin

На Скопскиот саем денеска ќе се одржи 11. конференција за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2013 што традиционално секоја година се организира под покровителство на Министерството за финансии.

Претставници од финансиските институции, банкарскиот и осигурителниот сектор на тркалезна маса ќе дебатираат за актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија.

На конференцијата најавено е присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и на претставници од Народната банка на Република Македонија, Управата за јавни приходи, Македонската банка за поддршка на развојот, Македонската берза, Агенцијата за супервизија, од Здружението на банкарство и од стопанските комори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП