недела, март 7, 2021
2 °c
Skopje
5 ° нед
6 ° пон
6 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

Почетна ЕКОНОМИЈА

Кратки вести од светот

декември 10, 2013
во категорија ЕКОНОМИЈА, ИЗДВОЕНО, СВЕТ
A A
Кратки вести од светот
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

najnovi-vesti1

Вашингтон – Работниците во рестораните за брза храна во САД повторно штрајкуваат и се одлучија да ја прекинат работата на 24 часа, за да се изборат за повисоки дневници. Штрајкови се одржуваат во Њујорк, Чикаго, Вашингтон, Детроит, Питсбург и други градови, а синдикатите бараат за час да добиваат федерален минимум од 15 долари. Моментално им се исплатува двојно пониска сума, која е одредена пред 4 години.

Вашингтон – Министрите за трговија од сите страни на светот покренаа жестока расправа во обид да го спасат пакетот трговски мерки последниот ден на состанокот на СТО. Предупредуваат и дека неуспехот да се постигне договор може трајно да го загрози опстанокот на Светската трговска организација.

Брисел – Европската инвестициона банка ЕИБ соопшти дека со 80 милиони евра ќе го кредитираат проширувањето на Аеродромот во Загреб. Како што е прецизирано ЕИБ ќе ја финансира првата фаза од проширувањето на загрепскиот аеродром која вклучува изградба на нов патнички терминал на 65.000 квадратни метри и поврзување на земјишната и авионската инфраструктура. Постоечкиот патнички терминал ќе биде во функција се додека не се отвори новиот терминал.

Пекинг – Украина и Кина не го склучија најавениот кредитен аранжман во текот на посетата на украинскиот претседател Виктор Јанукович во Пекинг, објавено е во Пекинг. Јанукович на крајот на престојот во главниот град на Кина рече дека двете страни, во текот на неговата посета, потпишале 10 договори врз чија основа можно е да се очекуваат кинески инвестиции во украинското стопанство од околу осум милијарди долари, пренесе порталот Еизвестиа.

Москва – Изградбата на Јужен тек ќе продолжи по планот и во целосна согласност со локалните закони и меѓународните стандарди, порачуваат од Гаспром. Како што е соопштено од рускиот нафтен гигант, стандардна пракса е големите прекугранични инвестиции да се поддржат со меѓудржавни договори за да се обезбеди правна сигурност и стабилност за инвеститорите.

Брисел – Европската централна банка ЕЦБ ја задржа референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,25 отсто. Последната одлука на ЕЦБ следеше по минатомесечното ненадејно намалување на референтната каматна стапка за четвртина процентнен поен.

Вашингтон – Стопанството на САД во третото тромесечје порасна 3,6 отсто на годишно ниво, што е значително над првичните проценки, соопшти американското министерство за трговија. Според поранешните проценки, БДП на САД во периодот од јули до септември треба да порасне 2,8 отсто, додека повеќето аналитичари очекуваа раст од 3 отсто.

Лондон – Мерките за штедење во Велика Британија ќе останат на сила и следните години, иако стопанството на таа земја зајакнува многу побрзо од другите земји, наведе британската влада. Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, говорејќи за плановите за потрошувачката и даноците, најави дека Британија може да има буџетски суфицит на крајот на оваа деценија.

Мадрид – Агенцијата за проценка на кредитната способност Мудис соопшти дека гледа напредок во состојбата на јавните финансии на Шпанија и намалување на долгот во приватниот сектор. Оваа бонитетска куќа соопшти дека го променила рејтингот на владините обврзници од негативен на стабилен, иако генералниот рејтинг останува на Баа3, што значи умерен кредитен ризик.

Подгорица – Владата на Црна Гора донесе одлука за ново кредитно задолжување во висина од 100 милиони евра. Како што е соопштено од Министерството за финансии, кредитното задолжување од 100 милиони евра подразбира кредит од 15 милиони евра кај Ерсте банка, кредит од 15 милиони евра кај Сошиете женерал Монтенегро банка, како и емитување на еврообврзници во износ од 80 милиони евра.

Москва – Инфлацијата во Руската Федерација оваа година ќе се движи од 6,3 до 6,5 отсто, смета помошник претседателот на Русија за економски прашања Анреј Белоусов. Меѓутоа, Белоусов додаде дека повеќе е загрижен што кумулативната инфлација на крајот на ноември била 5,9 отсто.

Загреб – Аеродромот во Загреб го презема концесионер кој најави дека во следните три години ќе изгради нов патнички терминал, ќе го зголеми прометот и ќе ги задржи сите вработени. Анте Дујиќ од Координацијата на синдикатите на Аеродромот во Загреб (ЗЛЗ), изјави за новинарите дека тој концесиски договор е само продолжеток на она што во Хрватска веќе многу пати го виделе и дека на крај сето тоа ќе го платат хрватските граѓани и уште повеќе вработените во ЗЛЗ.

Тагови: akciiberzabiznisdenaridolarekonomijaevrokompaniimilijardimilioniparisadsvetvestiакцииберзабизнисвестиденаридолариевроекономијакомпаниикраткимилионимилјардипарисвет
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

iPad Air ја надмина продажбата на претходниот модел

Следна Објава

Дали Камп Ноу ќе замине во историјата!?

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Започнува сезоната на алергии: Сега секој симптом потсетува на КОВИД, еве како да ги разликувате
ЗДРАВЈЕ

Започнува сезоната на алергии: Сега секој симптом потсетува на КОВИД, еве како да ги разликувате

март 6, 2021
244

Алергиите можат да бидат пропратени со течење или затнат нос, гребење во грлото и кашлица предизвикана од постназално капење кои...

Прочитај повеќе
Нови 722 заболени од Ковид-19 во Македонија, починаа девет лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 722 заболени од Ковид-19 во Македонија, починаа девет лица

март 6, 2021
50

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 375,...

Прочитај повеќе
Интервју со Ѓорги Самарџиев- во ФОЈА развивме инстант решение за кровни градини!
ИНТЕРВЈУ

Интервју со Ѓорги Самарџиев- во ФОЈА развивме инстант решение за кровни градини!

март 6, 2021
100

Градинарскиот центар ФОЈА е респектабилна компанија во доменот на хортикултурата. Компанија која покрај градинарски центар, проектира, изведува и одржува најразлични пејсажни...

Прочитај повеќе
„Gap“ очекува закрепнување во вторите шест месеци
КОМПАНИИ

„Gap“ очекува закрепнување во вторите шест месеци

март 6, 2021
17

Потрошувачите едвај чекаат да купат облека што во голема мера се откажаа за време на пандемијата со Ковид-19. Така барем...

Прочитај повеќе
„Nintendo“ наскоро ќе започне со производство на моделот „Switch“ со поголем екран
ТЕХНОЛОГИЈА

„Nintendo“ наскоро ќе започне со производство на моделот „Switch“ со поголем екран

март 6, 2021
55

За новиот модел на конзолата „Nintendo Switch“ се зборува веќе подолго време, иако сè уште нема официјални соопштенија. Сега има...

Прочитај повеќе
Не е брз, но е упорен: Роверот Perseverance во првото возење на Марс помина 6,5 метри за половина час
ТЕХНОЛОГИЈА

Не е брз, но е упорен: Роверот Perseverance во првото возење на Марс помина 6,5 метри за половина час

март 6, 2021
1.1k

Се очекува Perseverance да ја проучува површината на Марс најмалку две години, да ги проучи климата и геологијата и да...

Прочитај повеќе
Фото на денот: Кога ќе се паркираш на вистинското паркинг место
МАРКЕТИНГ

Фото на денот: Кога ќе се паркираш на вистинското паркинг место

март 6, 2021
289

Некои луѓе веруваат дека се родени под несреќна ѕвезда, но откако успеале да ги снимат своите несреќи, сфатиле дека универзумот...

Прочитај повеќе
Србија делумно се затвора – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд
ЕКОНОМИЈА

Србија делумно се затвора – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

март 6, 2021
94

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Прочитај повеќе
Реал со ултиматум до Серхио Рамос
СПОРТБИЗ

Реал со ултиматум до Серхио Рамос

март 6, 2021
105

Продолжува сагата околу иднината на Серхио Рамос во Реал Мадрид. „Марка“, тврди дека Реал му поставил ултиматум на капитенот, дека...

Прочитај повеќе
СЗО: Сè уште не е време за опуштање
ЕКОНОМИЈА

СЗО: Сè уште не е време за опуштање

март 6, 2021
71

Сè уште не е време за опуштање, изјави Мајкл Рајан, раководител на програмата за итни операции на Светската здравствена организација....

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Започнува сезоната на алергии: Сега секој симптом потсетува на КОВИД, еве како да ги разликувате

Започнува сезоната на алергии: Сега секој симптом потсетува на КОВИД, еве како да ги разликувате

март 6, 2021
Нови 722 заболени од Ковид-19 во Македонија, починаа девет лица

Нови 722 заболени од Ковид-19 во Македонија, починаа девет лица

март 6, 2021
Интервју со Ѓорги Самарџиев- во ФОЈА развивме инстант решение за кровни градини!

Интервју со Ѓорги Самарџиев- во ФОЈА развивме инстант решение за кровни градини!

март 6, 2021
„Gap“ очекува закрепнување во вторите шест месеци

„Gap“ очекува закрепнување во вторите шест месеци

март 6, 2021
„Nintendo“ наскоро ќе започне со производство на моделот „Switch“ со поголем екран

„Nintendo“ наскоро ќе започне со производство на моделот „Switch“ со поголем екран

март 6, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Не е брз, но е упорен: Роверот Perseverance во првото возење на Марс помина 6,5 метри за половина час

    Не е брз, но е упорен: Роверот Perseverance во првото возење на Марс помина 6,5 метри за половина час

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Сè се враќа, сè се плаќа: Порано правеа нуклеарни тестови, сега радиоактивната прашина од Сахара се врати кај нив

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Како идејата на Венгер за офсајди може да го смени фудбалот засекогаш

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Фото на денот: Кога ќе се паркираш на вистинското паркинг место

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 06-07.03.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 06-07.03.2021

март 6, 2021
1.4k
Нивниот мозок работи како остра сабја: Овие три хороскопски знаци се сметаат за најинтелигентни
ЗДРАВЈЕ

Нивниот мозок работи како остра сабја: Овие три хороскопски знаци се сметаат за најинтелигентни

март 5, 2021
981

КВИЗОВИ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот
КВИЗ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот

март 3, 2021
237

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Дали Камп Ноу ќе замине во историјата!?

Дали Камп Ноу ќе замине во историјата!?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани