26 јуни, 2024
ПочетнаАКТУЕЛНОНедостиг на суровини за паметните телефони!

Недостиг на суровини за паметните телефони!

metali telefoni

Истражувачите од Универзитетот Јеил анализирале 62 метали или полуметали кои се користат во денешните високо-технолошки уреди, како што се паметните телефони. За примероци намерно беа избрани оние метали, кои се многу ретки и наскоро би можеле да исчезнат.

Избор на примероци бил доста тешко, бидејќи информациите за метали кои се користат и нивните количини во уредите се главна корпоративна тајна. Затоа, тие одлучија да се потпрат на податоци за 80 проценти од материјалите кои се достапни секоја година низ процесот на извлекување и рециклирање.

Тогаш тие го извршиле истражувањето, а притоа анализирале дали некои од примероците на метали за тестирање имаат добра замена кои се погодни за истата задача. Сепак, беше констатирано дека никој од 62-те тестирани метали нема соодветна замена.

Меѓу нив, дури 12 метали нема никаква позната замена, а станува збор за: рениум, родиум, лантан, европиум, диспорзиум, тулиум, итриум, стронциум, талиум, манган и магнезиум.

Недостигот на важни суровини станува се поголем проблем за производителите на уреди. Ретки суровини обично се скапи за екстракција, а нивната обработка е потенцијално штетна за животната средина. Се доаѓа до заклучок дека научниците во иднина при надградба на производите со нови и подобри материјали ќе мораат да се соочат со постојана закана за недостиг на клучните суровини.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП